Сенатор: Помош за Украина да, но не по цена на банкрот на САД

Републиканскиот сенатор од Кентаки, Ренд Пол, кој го блокираше предлог-законот за доделување 40 милијарди долари помош за Киев, сега вели дека на Украина и посакува успех, но не по цена на банкрот на САД.



„Навистина сочувствувам со Украина и сакам таа да успее, но не сакам тоа да се случи по цена на банкрот на нашата земја“, рекол Пол во интервју за радиото VMAL DC, пренесува Б92.

Претходно тој изјави дека САД не можат да ја спасат Украина, загрозувајќи ја нејзината економија.

САД: Сенатор ја блокира помошта од 40милијарди долари за Украина

Сенаторот бара претходно Конгресот внимателно да ги пресмета трошоците доколку се усвои иницијативата.

Откако гласањето за нацрт-законот за помош на Киев беше блокирано во забрзан формат, за што е доволен само еден глас против, сега пратениците на Горниот дом на парламентот документот ќе го разгледуваат во вообичаениот формат.

Претставничкиот дом го усвои нацрт-законот претходно оваа недела.