Во организација на Сити колеџ, Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, денеска во Скопје се одржа семинар и работилница на тема „Длабинско разбирање на невронската активност“ (Deep Learning Neural Networks). Семинарот го водеше д-р Константинос Димопулос, вонреден професор и академски директор за постдипломски програми во одделот за Компјутерски науки на Сити колеџ а пред учесниците се отворија теми на многу прашања поврзани со развојот на дигиталните решенија.
![]()
Преку воведот во невронските мрежи за длабинско учење, се разговараше за тоа како човечкиот мозок нè инспирирал да создаваме програми кои навидум наивно ја имитираат работата на мозокот и на тој начин учат од единствениот пример. Се разгледаа проблемите кои вештачки невронски мрежи (Artificial Neural Networks) можат да ги решат, како може да им се претстават дигиталните информации и како тие можат да се искористат за давање одговори. Семинарот на крај го дефинира „длабинското учење“ и можностите да помогне во надминување на ограничувањата, со што ќе може да се развиваат системи како ChatGPT.
![]()
Во рамките на семинарот присутните можеа да учествуваат и во работилница „Практично длабинско учење со Python“ односно користење на Google Colab за изградба и обука на вештачки невронски мрежи. На работилницата беше објаснето како да се користи Google’s Colaboratory, кој што примарно се користи за секој да пишува и извршува произволен python-код преку прелистувачот, а особено е погоден за машинско учење, анализа на податоци и образование, но овој пат применет за да се изгради едноставна невронска мрежа, а потоа истата да се обучи за да реши едноставен проблем.
![]()
Семинарот заврши со кратка презентација на програмите за додипломски и постдипломски студии кои се нудат на Сити колеџ, Европскиот кампус на Универзитетот Јорк кои водат до дипломи и магистерски дипломи доделени од Универзитетот Јорк.




