Пратеникот на Самоопределување Арменд Муја објави список на Срби кои треба да бидат уапсени, а меѓу нив се и синот на претседателот на Србија, Данило, како и неговиот брат Андреј Вучиќ.



Колку ѝ пречат Србите и претседателот Александар Вучиќ на Приштина говори и фактот што како главна цел „за апсење“ на Косово го именуваа синот на претседателот, Данило Вучиќ, објави Б92.

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, денеска изјави дека најновиот список за апсење на видни Срби, на кој се наоѓаат и најблиските членови на семејството Вучиќ, е застрашувачки цртеж на мета на челото на братот и синот на претседателот на Србија.

„Курти не го прогласи се’ уште малолетниот син на претседателот Вучиќ Вукан за криминалец и го стави на списокот да биде убиен.

Ова е уште еден доказ дека постојат списоци за прогон на Србите кои се прават во Приштина. Очигледно е дека само Курти знае за апсењата и убиствата на Србите како негови методи на дејствување“, рече Петковиќ.