Семејството на шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), е прогласено за најбогато во светот, според ранг-листата на „Тајмс“ за најбогатите семејства во светот.



Неговото богатство доаѓа приходите од тргување со енергија, како и компетентна инвестициска политика, која вклучува инвестиции во различни компании и пазари на недвижности.

Според податоците на Блумберг, богатството на семејството Ал Нахјан се проценува на околу 300 милијарди долари.

Семејството од Абу Даби е сопственик на компанијата Ројал груп, која вработува повеќе од 27.000 луѓе, ангажирани во различни области – од финансии до роботика. Семејството поседува удели во англискиот фудбалски клуб Манчестер Сити, компанијата на Илон Маск SpaceX и модната куќа на пејачката Ријана, Savage x Fenty.

На второ место е американското семејство Волтон, сопственик на синџирот продавници Волмарт, со нето богатство од 224,5 милијарди долари.

Во првите пет се и семејството Марс, сопственик на истоимената кондиторска компанија (160 милијарди долари), семејството Кох, кое го води индустрискиот конгломерат Koh industries (128,8 милијарди долари) и кралското семејство на Саудиска Арабија (105 милијарди долари). долари).