Семејството на Ферус Мустафов демантира дека е починат и информира дека уметникот е во болница каде се бори за живот.
,,До сите мои пријатели и колеги.
Мојот дедо Ферус Мустафов не е починат.
Точна е информацијата дека се наоѓа во болница и дека се бори за својот живот.
Да се помолиме за негово здравје!
Ви благодарам во името на фамилија Мустафови за поддршката и вниманието”, објавува внукот на Ферус Мустафов, Ферчо.






