Семејство во БиХ изврши колективно самоубиство

Невидена трагедија се случи во селото Добрљин кај Босански Нови, каде полицијата во семеен дом пронашла безживотни тела на две жени и еден маж со тешки повреди.



Иако синоќа сите медиуми во БиХ објавија дека мажот најверојатно ги убил мајка си и сестра си, а потоа и себеси, ова е само делумно точна информација, објавува Индекс.Хр.

Имено, како што е соопштено денеска, а тоа го потврдија и полициски извори, тричлено семејство од БиХ извршило колективно самоубиство.

Тие биле поттикнати од тага поради смртта на нивната 34-годишна внука односно ќерка која имала леукемија.

Извештајот на очевидците откри дека мажот со огнено оружје најпрво ги убил двете жени, а потоа самиот се обидел да се самоубие. Тој починал на пат кон болница.

Истрагата покажала дека убиените се мајката на З.З и ќерката на Љ.К., а нивниот убиец или самоубиец е синот со иницијали Ж.З.

Како што јави Бањалучката алтернативна телевизија (АТВ), во куќата истражителите пронашле дури седум проштални писма до други членови на семејството и пријатели, од кои се дознава дека тројцата решиле да го направат овој чин откако во мај починала тешко болната внука и ќерка Љ.Ј..

„Во писмата наведуваа кој ќе ги закопа и каде… Оставиле банкарски картички со писмата, за да може да се подигнат пари за погребни трошоци“, цитира АТВ извор близок до истрагата.

Три дена пред да си ги одземат животите, нарачале и три ковчези во кои ќе ги закопаат.