„Код” открива кој работи ви М-НАВ, која што премиерот Димитар Ковачевски ја нарече семејна фирма. Ковачевски не знаеше само дали новиот директор е во роднински врски со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, но јасно рече дека во македонската навигација се вработувале до трето колено.
„Според лица вработени во М-НАВ со кого Телма разговарале дошле до информација дека од неодамна е вработена сестрата на министерот за надворешни работи Бујар Османи, снаата на првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, снаи и синот на поранешниот пратеник од ДУИ Ејуп Алими, внук на советникот на директорот Беким Незири како и внук на министерот за земјоделство Љупчо Николовски“, стои во истражувањето на „Код”.
Според нивни извори во М-НАВ е вработен и внук на заменик министерот за внатрешни работи Назим Буши. Додека пак роднините на Незири и Николовски работат како помошници контролори, а во оператива е сестрата на Бујар Османи, а останатите се во администрацијата.






