Семејна фирма на Крсто Мукоски со нов милионски тендер од државата

Извори во државни институции тврдат дека фирмата во која формално како сопственик фигурира братот на екс пратеникот Крсто Мукоски неодамна добила милионски тендер од државна институција.



Изворите на expres.mk кои инсистираат на анонимност тврдат дека се работи за тендер кој е склучен во текот на летото и за кој имало многу заинтересирани фирми но сепак на крајот го добила фирмата Атриум од Вевчани.

Крсто Мукоски е екс пратеникот кој ги отвори вратите од парламентот на 27 април по што гласаше за промема на уставот и беше амнестиран.

По доаѓање на власт СДСМ преку тогашниот генерален секретар на владата најави ревизија на проекти кои Мукоски ги добивал за кречење и други работи на државни објекти.

Откако Мукоски гласаше за промена на уставот против него не само што нема никава санкција од државните органи туку добива и милионски договори од државата.

Expres.mk ги анализира сите информации за последниот тендер на Мукоски по што ќе ги објави деталите.