Глобалното движење „Ние сме Македонија“ ги повикува Македонците од Европа на семакедонски собир против промена на името на татковината на 19 мај од 15 часот на плоштадот „Де Меус“ во Брисел.
„Државата нè повикува. Ранета ни е и бара помош од нас. Да го кренеме гласот против против сето зло кое се надвиснало над неа. Ве повикуваме во нејзино име на протест да кажеме НЕ за промена на името. Сите сплотени за Македонија“, се вели во прогласот.
Ова е прв протест на македонската дијаспора по пауза од речиси два месеца, а се случува во екот на интензивираните средби на шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција за надминување на разликата за името како услов за членство во НАТО и во Европска унија.





