Во Потпелистерското село Трново, во дворот на црквата „Св. Пресвета Богородица“ се одржа јубилејната 50-та по ред Семакедонска средба.
Организатори на средбата беа Матицата на иселениците, Светскиот македонски конгрес и Здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија.
Присуствуваа многу мал број граѓани од Битола и иселеници, но немеше речиси ниту еден претставник од локалната и централната власт, јавува Нова Македонија.
Тоа не беше пречка од Трново до македонската и меѓународната јавност да се испратат многу стари и веќе одамна слушнати пораки, како и нови барања за семакедонско помирување.
Откако беше истакното дека сите присутни на средбата се единствени во одбраната на името, јазикот и идентитетот на државата беше побарано раскинување на Договорот со Бугарија за добрососедство и распуштање на меѓувлаидната комисија мегу Македонија и Бугарија за ревизија на историјата и беше побарано и раскинување на Преспаснкиот договор со Грција.






