,,Село гори, баба се чешла”, екс заменичка министерка за финансии за просечната плата од 500 евра

Реакција на екс техничката заменик министерка за финансии Гордана Кочоска Димитриеска која владината фалба за 500 евра плата ја објаснува со народната изрека: Село гори, баба се чешла.



,,Просечната плата по нивните математики е 31.080 денари, а скоро 90.000 луѓе не земале плата.

Ова веќе не е “Некој ќе јаде зелка, некој месо, а просекот сарма”, туку “Некој јаде зелка, а голем дел гладуваат”.

Сега вашите 31.080 не ни вредат ни колку претходните 20.000. Цените вртоглаво растат. Месото поскапе повеќе од 20%, зејтин дупло, шеќер скоро дупло, струја, парно.

Неспособноста од ден во ден излегува на површина се повеќе.
Ќе кулминира кога на есен ќе нема голем дел од основните прехрамбени производи, или ќе ги има по цени да неможе да се купи.

Не доведувате до точка да си викаме дека и транзицијата (најцрна во нашата понова историја) не беше страшна.

Одете си, неспособни!”, пишува екс техничката заменичка министерка за финансии.