„Што е лошо во тоа да повикувате граѓани да го почитуваат законот?



Јас не се чудам зошто Албанците повикуваат да се попишуваат Албанците, туку се чудам зошто Македонците повикуваат да не се попишуваат Македонците? Што е целта, што е намерата“, вели заменик-директорот на ДЗС, Иљми Сељами во интервју на Радио Слободна Европа.

Тој додава дека ова треба да биде едноставен процес, кој не треба да се политизира.

„Ние им се обраќаме на граѓаните, им тропаме на врата, граѓаните ни отвораат врата, ни даваат податоци, ние завршуваме со пописот и тоа е тоа. Постигнат е ефектот, пописот е направен. Со ова сакам да кажам дека политичките агенди за жал на Балканот никогаш не престанувале, не престануваат и нема никогаш да престанат“, вели Сељами.

Сељами со контрапрашање на прашањето што значат врзаните потписи на заменик директорот и директорот на Заводот Апостол Симовски, односно дали тоа значи дека и за резултатите да бидат признати ќе мора двајцата да потпишат:

„Што е проблемот со тоа“?- праша Сељами.