…Неговиот збор во јавноста и не е збор за било кој од граѓаните, мислам дека на сите им се свежи неговите зборови од оние прес-конференции за страшната вистина за „Монструм“.
Денес повторно го гледаме како игра политички на грбот на неколку семејства кои трпат последици , било оние семејства на децата кои беа убиени, или на оние семејства чии членови можеби неправедно се влечат по судовите и им се суди повторно со што ги зголемуваат нашите дилеми за правдата“, рече Зијадин Села гостување во емисијата „Политика“ на ТВ Глоби.
Лидерот на Алијанса вели дека ДУИ и СДСМ, се горе-долу исти , бидејќи станаа како сијамски близнаци.
„ Двете страни се партнери во Владата. Овој другиот, (Заев) е најголемиот измамник во земјата“ изјавил Села како што пренесе Плусинфо.





