Села: „Владата со луксузни автомобили – пожарникарите со возила од минатиот век“

„Владата има луксузни возила, а пожарникарите возила од минатиот век. Но, тие успеваат да ги вршат своите услуги кон граѓаните.’ – изјави лидерот на Алијансата на Албанците Зијадин Села“ – пренесуваат ТВ 21.мк и информативната агенција на албански јазик „Журнал“.

Медиумите наведуваат: „Лидерот на Алијансата на Албанците Зијадин Села упати благодарност до екипите на пожарникарите, кои го гасеа пожарот вчера во тетовската болница. Како што кажа тој, иако располагаат со стари возила, тие повторно успеаја да ги извршат своите работни обврски како што треба.“

ТВ 21.мк и „Журнал“ го цитираат Зијадин Села: „Ја користам оваа пригода да им се заблагодарам на пожарникарите, но и на медицинските екипи.“

„Притоа, Села направи паралела со луксузните возила на Владата на Македонија.“ – пренесуваат медиумите: „Имаме Влада со луксузни автомобили, додека пожарникарите ги вршат услугите кон граѓаните со возила што датираат од минатиот век.“

Извор: https://zhurnal.mk/kemi-qeveri-me-makina-luksoze-e-zjarrfikes-me-makina-te-vjetra-tha-sela/