Поранершниот лидер на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, вели дека тој е најзаслужен за тоа Арбен Таравари да стане политичар.
„Во 2016 година никој политички не го познаваше Арбен Таравари. Во 2014, 2015 година кога го започнав Движењето за реформи, го поставив за генерален секретар. Во 2016 година беше втор на листата за пратеник во изборната единица број 1. Загуби. После тоа го направив министер за здравство, напредуваше“, рече Села во гостување на ТВ Клан.
Села, сега го обвинува актуелниот претседател на АА, Таравари, дека имал за цел да ја подели  партијата.
Според Села, Таравари им наредил на председателите на ограноците да се изјаснат врз основа на расположението на подограноците, дали се за коалиција со ДУИ или со опозицијата.

Само 4 ограноци, како што вели Села, биле за коалицирање со опозицијата, додека сите останати ограноци биле на став дека АА треба да излезе сам на изборите.



Самостоен настап на АА на изборите е и ставот на Зијадин Села.