Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села денеска од Велес рече дека најверојатно ќе има предвремени парламентарни избори, јавува ТВ21.
И пред десетина дена Села рече дека поради многу прашања парламентарните избори се потребни:
„Освен планот за добрососедство и надворешна политика за што беше заслужен меѓународниот фактор, ова се однесува на Преспанскиот договор и промена на името и уставните измени, во сите останати сфери, Владата беше неуспешна“ оцени тогаш лидерот на Алијансата.
Предвремени парламентарни избори бара и опозициската ВМРО-ДПМНЕ, а од владеачката СДСМ се очекува да донесе одлука за ова до крајот на оваа недела.





