Лидерот на Алијанса за Албанците Зиадин Села и даде поддршка на Бугарија за разбивање на руски шпионски прстен во оваа земја.
Села е солидарен со официјална Софија која според него се обидува да разбие странска шпионска мрежа во Бугарија од Русија.
“Целосна солидарност со нашиот сосед разбивање на невиден руски шпионски прстен. Ова ја покажува важноста за земји како 🇲🇰, особено склони кон малигни странски влијанија, да спроведат темелно безбедносно проверување за да се гарантира сопствената безбедност и на сојузниците на 🇪🇺🇺🇸 и НАТО”, пишува Села на Твитер.
Села предходно не коментирал за ниту една навреда или напад од Бугарија за македонските национални интереси.
Expres.mk му се извинува на Зијадин Села за погрешно пренесување на негова изјава во која тој пишува за состојбите во Бугарија во однос на Русија и ја споменува Македонија со што се создаде конфузија на неговата порака.





