Лидерот на Алијанса за Албанцитеобвинува дека во училиште кои се раководени од кадри на владејачката ДУИ се копаат криптовалути.
„ Имам информации дека во училишта кои се раководени од ДУИ се копаат криптовалути, каде е полицијата и што преземаат институциите? – рече Зијадин Села синоќа во дебатниот магазин „Клик плус“ на ТВ21.
Села вели дека кога ќе има повеќе и конкретни информации и имиња, ќе излезе со детали за обвинувањето на прес-конференција.
Тој забележа дека за разлика од политичарите од ВМРО-ДПМНЕ во времето на Никола Груевски, ниту еден член на ДУИ не само што не е осуден за злоупотреби, иако партијата десет години била во власта со ВМРО-ДПМНЕ…







