„Претседателот на Алијансата на Албанците Зијадин Села преку својата официјална фејсбук-страница денеска искажа став дека ‘с.Македонија стана земја во која најмалку се цени трудот, а Први мај е претворен во ден на жалост за работниците.“ – објави информативниот портал на албански јазик „ин7“.
„Ин7“ ја пренесува објавата на Села на фејсбук, во која тој дополнува: „Не можеме да упатуваме честитки по повод овој празник се додека илјадници вредни работници ja напуштаат земјата, а оние што остануваат овде бидуваат газени, потценувани, добиваат закани и својот спас го гледаат како оние што заминуваат.“





