Одлуката на претседателот Стево Пендаровски да го помилува Аљбулфета Алими – Фета, член на собраниското обезбедување осуден за случајот „27 април“ го израдува лидерот на АА, Зијадин Села.
„Неизмерно се израдував за Фета, за кого осум месеци помилување не се ништо во споредба со седум години неправедно осуден.
Треба да бидеш слободен, а не помилуван пријателе“, напиша Села под објавената фотографија на Фејсбук.
Алими беше осуден зашто го дал клучот од собраниските врати на началникот на обезбедувањето на Трајко Вељановски.
Вратата ја отворија Крсто Муковски и Сашо Василевски, по што влезе толпата луѓе.
Според Кабинетот на претседателот, помилувањата се спроведени согласно со законска процедура, а сите лица кои се помилувани ги исполнуваат условите за такво нешто.
„Со Одлуката целосно се ослободува од понатамошно извршување на казната затвор Александар Трајан Петровски од Скопје. Делумно се ослободуваат од понатамошно извршување на неиздржаниот дел од казната затвор осудените лица: Неџмедин Расим Матоши од Скопје во траење од четири месеци, Димитар Милија Мишков од Скопје во траење од три месеци, Абдуљфета Амид Алими од с. Оризаре Општина Липково во траење од осум месеци и Џафер Џемаиљ Небија од с. Арачиново во траење од пет месеци, стои во одлуката број 08-271/1 што е објавена во Службен весник на Република Македонија.







