Села останува на чело на Алијанса, нов лидер ќе се избира во март

Централно Собрание одржа вчера Алијанса за Албанците, на кои беа разгледувани резултатите од локалните избори, но и за формирање на Комисија која ќе биде одговорна за организирање на партискиот конгрес.



Лидерот на АА, Зијадин Села изјави дека редовниот конгрес ќе биде одржан на 27 март 2022 година, а тој ќе остане лидер на партијата, односно нема да си даде оставка.

Претходно медиуми јавија дека Села и Таравари заминуваат од кормилото на Алијанса.

Нов лидер со регуларен мандат ќе се избира на когресот во март, а дали Села повторно ќе се кандидира – вели дека за ова прашање ќе одлучуваат партиските структури.