Села: Не сум ветил дека АА ќе оди на избори заедно со ДУИ

„Најостро демантирам дека Алијансата за Албанците наводно дала збор, кога станала дел од Владата, дека ќе одиме на избори заедно со ДУИ.



Тоа е невистинито и тенденциозно со цел да ми го уништи имиџот“ вели поранешниот лидер на АА, Зијадин Села, во демант на информациата на ТВ21 од анонимни извори  а во врска со вчерашната средба што тој ја имал со шефовите на ограноците на партијата, а на која не бил претседателот на партијата

Села вели дека тој лично никаде ниту се заложил ниту пак ветил дека АА ќе учествува на изборите заедно со ДУИ.

„Мојата определба е јасна и конзистентна, констатирана на средбата на Централното раководство, договорена неколку пати на средбите со претседателот на партијата,  Арбен Таравари,  и изразен во секое јавно појавување во медиумите.

И овој став е дека Алијансата за Албанците оди на избори обединета и со народот“, се вели во демантот на Зиадин Села, претседателот на Централното собрание на Алијанса на Албанците.