Села не ја контролира Алијанса, ако сака да оди на избори ќе мора да формира нова партија

Екс лидерот Зијадин Села и министерот за правда Кренар Лога кои што се во фракцијата контра лидерот Таравари задоцниле за да преземат контрола врз Алијанса за Албанците.
Ако сакаат да одат на избори тие ќе мораат да заборават на Алијансата и ќе мора да формираат нова партија, тврдат партиски извори.



Високо позиционирани партиски членови тврдат дека сите релевантни партиски документи и партиски печати се во рацете на луѓе на лидерот Таравари и Села и Лога немаат ниту формална ниту реална моќ во партијата.

Партиските печати уште пред неколку дена кога биле добиени информции дека фракцијата на Села планира да ги одземе од партиското седиште, биле префрлени на безбедно и луѓето на екс лидерот немаат пристап до нив.

Тоа значи дека доколку Села и Лога сакаат да одат на избори самостојно ќе треба да формираат нова партија што е многу тешко затоа што имаат многу малку време да соберат 1000 потписи во долгата процедура за регистрација.

Без партиските печати Села не може да поднесе пријава за избори и единствено што му останува е да оди како неформална група граѓани на листите на ДУИ или СДСМ.

Другата опција Таравари да ја загуби контролата врз партијата е судот по притисок од СДСМ и ДУИ да донесе одлука печатите да им се вратат на Села и Лога што е тешко да се случи пред избори затоа што и таму постојат процедури кои судиите тешко ќе ги прекршат во оваа ситуација пред избори.

Села и Лога во моментов имаат контрола само на партиското седиште.