Лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села, во интервју за Радио слободна Европа отфрла одговорност дека неговата партија и коалиционата Алтернатива го блокираат усвојувањето на паттиот сет мерки во Собранието за кои многу вработени веќе два месеци не можат да земат плата.
Алијанса/Алтернатива го условуваат усвојувањето на антикризните мерки условувајќи го со Законот за државјанство кој, меѓу другото, предвидува државјанство да се добива со тројца сведоци.
„Овие луѓе за кои јас зборувам, овие граѓани 30 години не земаат никаква плата, тие немаат право ни да конкурираат за работа, немаат право на здравствено осигурување, немаат право на постела за да умрат достоинствено во болниците. И овие се граѓани. И тие живеат во уште потешки услови од овие други категории граѓани.
Лага е тоа дека ние сме го блокирале, бидејќи ние колку и да сакаме да блокираме, тоа важи три дена – вели Села.
Сите други амандмани, три дена откако ќе биде блокирано, односно ќе се дебатира за амандманите, сите други кои ќе останат недебатирани се фрлаат и може да си продолжат да ја дадат таа помош на граѓаните.
Ама по сè изгледа дека овие можеби немаат пари, па ајде да најдеме изговор во оваа работа која ја прават Алијанса за Албанците и Алтернатива.
Тоа е лага. Лага која цел месец се кажува по прес-конференции, а треба да им се извинат на граѓаните што си играат со нивната тешка состојба“, вели Села за РСЕ.







