Села: Мора да се прифати францускиот предлог, Албанците да не бидат заложници…

Лидерот на позициската Алијансата за Албанците, Зијадин Села вели дека Македонија „мора да го прифати францускиот предлог по отстранувањето на ветото на Бугарија за да се отворат преговорите со ЕУ“.



Во скајп интервју за Ора њуз, Села рече дека Албанците не треба да останат заложници на конфликти кои се рециклираат и се повторуваат на секои четири до пет години.

„Ова е понудата што ја има С. Македонија на маса и треба да се сфати многу сериозно. Одлуката не е дали ќе го прифати или не пакетот или францускиот предлог, туку изборот што мора да го направи С. Македонија е дали да го продолжи или не европскиот пат.

Ако не’ прашаат, ние отворено сме го кажале нашиот став: Ние сме за продолжување на ова патување кое поминува низ прифаќање на францускиот предлог. Мислам дека Северна Македонија нема да има подобар предлог за решение на овој спор и затоа дефинитивно мора да продолжиме по овој пат.

Албанците не можат да останат заложници на конфликти кои се рециклираат и се повторуваат на секои четири или пет години“, рече Села.