Лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин
Села не го признава политичкиот легитимитет на премиерот Ковачевски и неговата влада.
,,Новата влада нема политички легитимитет.
Премиерот Ковачевски никогаш не се кандидирал на избори и нема поддршка од народот.
ДУИ водеше кампања за албански премиер и никогаш не го исполни ветувањето”, смета Села кој индиректно удри по довчерашниот колљициски партнер Африм Гаши кој сега е во владата против која се бореше до пред три месеци.
,,Алтернативата побара од Албанците нивните гласови за да ја испратат ДУИ во опозиција, а не да ги задржат на власт”, објави Села.






