Лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села смета дека е некоректно што синоќешната лидерска средба Заев – Мицкоски се одржа без претставници на политичките партии на Албанците.
„Кога се потребни гласови на Албанците, средба со сите лидери на политичките партии.
Кога станува збор за државата, состанок само со партнерот за државата – Мицкоски.
Затоа, нема заедничко општество за сите, туку држава за сите “, напиша Села на Фејсбук.
Премиерот Заев синоќа рече дека состанокот не бил замислен во формат во кој треба да бидат вклучени повеќе партиски лидери.






