Села: „Ќе бидеме пред ДУИ кога ќе се отстранат уцените на граѓаните и институциите и купувањата гласови“

„Во моментот кога ќе се отстранат девијантните појави како што се уцените на институциите и граѓаните, полициските униформи во служба на владејачката партија, заради уценувањата и купувањата гласови, тогаш Алијансата на Албанците ќе биде повеќе од партијата, што владее, ќе биде пред неа. Во тоа немаме дилема.’ – рече лидерот на Алијансата на Албанците Зијадин Села, коментирајќи ги резултатите од анкетата на ИРИ, според кои разликата меѓу оваа опозициска партија и ДУИ е само 1 процент.“ – јави весникот на албански јазик „Лајм“.

Инаку, според оваа анкета на Центарот за анкетирање на Меѓународниот републикански институт, ако утре се одржат предвремени парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе победи. ВМРО-ДПМНЕ има поддршка од 20 отсто од граѓаните, а СДСМ од 17 проценти.