Ахмети против: „Кичево е главно албанско национално прашање“

„Советот на дијаспората од Кичево ги повика албанските партии во април годинава да се настапи со заеднички кандидат – Албанец за градоначалник и со заедничка листа за советници во Советот на општина Кичево. Алијансата на Албанците ја поддржа таа иницијатива. Нејзиниот претседател Зијадин Села‘ кажа дека за Алијансата Кичево е ‘главно албанско национално прашање’. Заложбата на дијаспората ја поддржа и Алтернатива. Лидерот на ДУИ Али Ахмети првично преку телефонски разговори со претседателот на дијаспората Хади прифати на локалните избори да се учествува со кандидат одреден од дијаспората, со поддршка на сите албански партии. Но, потоа тој негираше дека имало таква усна спогодба и вршеше притисок дијаспората да поддржи кандидат за градоначалник, кој ќе го определи ДУИ. За дијаспората Кичево е свето и претставува аманет од нашите албански дедовци и прадедовци. Ако тоа биде загубено, одговорноста ќе ја сноси оној штто ја раскинал спогодбата.“ – пишува Хади Бајрами, претседателот на Обединетата дијаспора од Кичево, во својата колумна под наслов „Зошто не успеа заедничкиот албански кандидат за Кичево?!“, која ја објави информативната агенција ИНА и некои други медиуми на албански јазик.

Бајрами вели: „Кон крајот на годинашниов април Обединетата дијаспора од Кичево им упати повик на Демократската унија за интеграција, Алијансата за Албанците и Алтернатива да направат спогодба за локалните избори во Кичево да настапат со еден заеднички кандидат за градоначалник. За ова Обединетата Дијаспора од Кичево им даде еден месец на овие партии да најдат заеднички јазик, за да утврдат таков заеднички кандидат. По изминувањето на овој рок, ако албанскиот политички чинител не би успеал да стаса до соработка и обединување на силите за утврдување заеднички кандидат за градоначалник, тогаш би и припаднало на дијаспората на објави свој кандидат, кој ќе биде силно поддржан од сите албански политички субјекти.“

Натаму, авторот на колумната дополнува: „Преку напис на општествените мрежи Алтернатива ја поддржа иницијативата на дијаспората. Истото го стори и Алијансата за Албанците преку интервјуа, кои ги дадоа нејзините партиски функционери. Лидерот на ДУИ Али Ахмети прифати усна спогодба со претседателот на дијаспората Хади Бајрами по пат на неколку заеднички телефонски разговори. Тие се договорија принципиелно на годинашниве локални избори да се настапи со кандидат за градоначалник, одреден од дијаспората, кој ќе биде поддржан од ДУИ, Алијансата за Албанците и Алтернатива. Беше усогласено на изборите да се излезе и со заедничка листа за советници во Советот на општина Кичево. Потоа, Советот на кичевската дијаспора имаше средба со Зијадин Села, лидерот на Алијансата на Албанците, кој искажа подготвеност заради Кичево да соработува со ДУИ и другите албански политички сили, без ниеден предуслов. Тој кажа дека ‘за Алијансата Кичево е главно албанско национално прашање’.

Хади Бајрами, претседателот на дијаспората од Кичево, го критикува Ахмети дека ја раскинал усната спогодба“: „Беше остварена и лична средба со лидерот на ‘интегративците’. Во таа пригода Ахмети негираше дека имало усна спогодба за учество на изборите со кандидат на дијаспората и изврши притисок дијаспората да поддржи кандидат за градоначалник, кој ќе даде определи ДУИ.“

„Во овие околности Советот на дијаспората од Кичево нема да упати покана до сотатковинците – Албанци во Кичево да гласаат за кого било од кандидатите на локалните избори, туку им препушта ним самите да решат да гласаат според своите можности и убедувања. За дијаспората Кичево е свето и претставува аманет од нашите албански дедовци и прадедовци. Ако Кичево биде загубено, одговорноста ќе ја сноси оној чинител, кој ја раскина спогодбата за соработка, а никако дијаспората.“ – нагласува Хади Бајрами во заклучниот дел на својата колумна во врска со настапувањето на претстојните локални избори во Кичево.

Извор: https://ina-online.net/pse-deshtoi-kandidati-i-perbashket-shqiptar-per-kercoven/