Зиадин Села од редовите на Алијансата за Албанците вели дека дека ќе гласа за разрешување на министрите кои го поддржаа поретседателот на АА, Арбен Таравари.
Собранието денеска ќе одлучува за разрешување на министерот за здравсво Фатмир Меџити и за министерот за информатичко општество Азир Алиу.
За нивна смена се потребни 61 пратенички глас „за“.
„Да, дефинитивно имаме мнозинство, очекуваме да се спроведат одлуките на партиските органи.
Донесовме одлука во Управниот совет, кој истовремено е и Кадровска комисија на партијата и денеска мора да се спроведе она што Алијансата за Албанците го донесе како одлука“, рече Села.





