Села им најде замена на министрите Меџити и Алиу

Илир Демири, инфектологот и актуелен директор на Тетовската болница е предлогот за нов министер за здравство, а Наим Бајрами за информатичко општество и администрација на Зијадин Села, дознава ТВ 24.



Ова значи дека најверојатно в петок мнозинството ќе го разреши актуелниот министер Фатмир Меџити и неговиот колега во информатичко општество Азир Алиу.

Барањето за разрешување на министрите и предлогот за нови министри е веќе испратено до премиерот Талат Џафери, велат од крилото на Села за ТВ24.

Оттаму велат дека е нелогично во власта да бидат министри кои се определиле за опозиција (со Беса, Алтернатива и Демократското движење за што се залага претседателот на АА, Арбен Таравари), и контра техничката Влада.

Села, наводно, ја има поддршката и на Ковачевски и на Ахемти за смените со кои покажува дека неговото крило останува во власта.

Повеќе