Коалицијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива, денеска во Скопје, ја промовира платформата „shtetesia.mk (државјанство).
„Ова е национална платформа, каде што сите граѓани ќе имаат можност да го претстават својот проблем за добивање државјанство. Целта на оваа платформа е да се соберат информации од граѓани кои се соочуваат со проблем за добивање државјанство, сега веќе 30 години од независноста на Северна Македонија“, рече Башким Бакиу, раководител на Аналитичкиот центар на Алијансата за Албанците, пренесе 360 степени.







