Откажана е лидерската средбата на партиите од албанскиот блок која утрово ја најавија од ДУИ, откако на поканата не се одзваа од Алијансата на Албанците и на Атернатива.
Од ДУИ изутринава најавија дека „денеска со почеток во 11:00 часот, ќе остварат средба секретарите на албанските политички партии во с. Македонија. Секретарите на ДУИ, БЕСА, ДПА, Алијанса за Албанците и Алтернатива ќе бидат присутни на оваа средба. Настанот ќе се одржи во Клубот на пратеници во Скопје’, известија од ДУИ.
Но, само еден час подоцна, од ДУИ информираа дека средбата се откажува поради, како што соопштија, непотврдување на присуството од страна на опозициските политички партии – Алијанса за Албанците и Aлтернатива.
Средбата требаше да се одржи пред на средбата на лидерите на двете најголеми партии во земјава Заев и Мицкоски, истои во Клубот на пратеници.






