Алијансата за Албанците и Алтернатива во заедничкото соопштениое до јавноста велат дека немале ниту една официјална средба и ниту друга средба за учество во новата влада.
„ Јавноста треба да знае дека заврши времето кога Албанците се туркаа пред вратата на влада, кој прв ќе влезе во неа, кој повеќе ќе попушти во пазарот.
Иако не сме легитимни победници на изборите на 15 јули во албанскиот политички камп, ние нема да влеземе во преговори, сè додека ДУИ не го исполнува предизборното ветување за премиер да биде Насер Зибери. Дури, како што сме кажале, ако во Собранието на Република с. Македонија доаѓа предлог Насер Зибери да биде премиер, ние со нашите 12 пратеници ќе гласаме за истиот.
Но, ако ДУИ не успее да го реализира ова ветување, за што има легалитет, таа партија нема право да биде дел од идната влада и нејзиното место е во опозиција“, се вели во заедничкото соопштение.





