Зијадин Села, претседателот на Алијансата за Албанците на вечерашната прес конференција со претседателскиот кандидат Блерим Река, го потсети премиерот Зоран Заев на дадениот збор.
„Заев рече дека ако Пендаровски изгуби и со само еден глас, тој ќе предложел распишување на предвремени парламентарни избори. Па го држиме за збор“, рече Села.




