Запрашан колку пратенички мандати може да добие актуелната албанска опозиција на изборите на 12 април, лидерот на Алтернатива на Албанците проценува дека трипартиска коалиција – АА, Беса и Алтернатива – би гарантирала најмалку 15 пратеници.
Доколку Алијансата на Албанците оди во коалиција со само една партија, нема да имаат помалку од 13. Ако пак, се случи Алијансата да настапи сама, во тој случај веруваат дека ќе бидат победници кај албанскиот политички блок со 9 или 10 пратеници.
Во синоќешното гостување во „360 степени“ на Алсат М, Села рече дека ДУИ нема да освои повеќе од 7 мандати.





