„Разголена вистина. Вчера Агим, денес Талат“, го коментираше Зијадин Села  потегот на собранискиот спикер кој синоќа нешто по полноќ ја прекина седницата на која требаше да се гласа за пратеничкиот имунитет на пратеникот Трајко Вељаноски.



„Замислете го човекот кој беше избран за претседател на Собранието на бурен начин, денеска, под изговор дека нема услови, спречи да му се одземе имунитетот на Трајко Вељаноски. Дали станува збор за еден глас или тука се крие нешто многу повеќе, вклучително и 27 април (за што  Велјаноски има многу што да открие) што го принуди шефот на ДУИ да го направи синоќешното сценарио.

П.С. Дали е продолжена рака или фатен за опашка“, напиша Села на Фејсбук

Синоќа, поради прекината седницата, Собранието не можеше да гласа за одземање на пратеничкиот имунитет на Вељаноски, а ден претходно, токму поради отсуство на сопартиецот на Џафери од ДУИ, Комисијата за деловничко-имунитетни прашања, гласаше нерешено и не донесе никаква одлука.