Села би седнал како маж со Ахмети за премиер Албанец ако ДУИ ги бојкотира институциите

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села, во емисијата “Патот кон” („Rruga Drejt“) зборуваше за политичките случувања во земјата и идејата за албански премиер, предложен од Али Ахмети.



Според Села таа опција е можна и нема ништо лошо во тоа еден Албанец да биде премиер, што дури и според него би помогнало во натамошна демократизација на земјата, но според него оваа идеја не е искрена.

„Ваквата идеја во овој момент би била многу корисна за ВМРО-ДПМНЕ да го промовира македонскиот национализам за да добие повеќе гласови и во исто време Ахмети би ја искористил оваа идеја да ја игра улогата на патриотот, за да добие гласови од Албанците, но самиот Ахмети рече дека тоа е само негов сон“, рече Села.

Селае подготвен јавно да разговара за секоја тема со лидерот на ДУИ Али Ахмети но конкретно за идејата Албанец премиер ДУИ ќе мора да започне бојкот на институциите ако сакаат темата да виде воопшто ставена на маса.

„Подготвен сум да седнам со Ахмети пред јавноста и да разговараме како мажи за сè, можеби постои начин да се направи албанскиот премиер, јас сум подготвен во секој момент, но Ахмети мора да биде подготвен да го бојкотира системот и потоа ќе разговараме“, истакна Села во емисијата„ Rruga Drejt “на Алсат-М.