Лидерот на Алијанса за Албанците ги отфрла шпекулациите дека преговара за влез во владата на Заев ткако беше разрешен Весел Мемеди од НДП, албанска партија која е во коалиција со СДСМ.
„Имаше шпекулации. Социјалните мрежи ја прават својата работа, кружат шпекулации од типот дека Алијанса ќе влезе во Влада и така натаму. Алијанса за Албанците беше во влада и излезе. По кој пат сме изјавиле пред јавноста дека ние не влегуваме во Влада без предвремени парламентарни избори и без добивање на легитимитет од Албанците. Ниту сме размислувале за тоа. Тоа што се случи со г. Мемеди е едноставно… беше искористен и не беше веќе од корист за г. Ахмети и г. Заев. Реално, дали се сеќавате која беше неговата задача? Неговата задача беше тој да биде 61-от пратеник за да ја извади од коалиција Алијанса за Албанците. Ова не беше проблем за нас, нели? Но, ете работите се повторуваат. Поговорката вели – што ќе сееш тоа ќе жнееш“ вели Зијадин Села во интервју за Алсат М.
Лидерот на Алијанса оцвенува дека реконструкцијата на владата се свела на обична козметика и голтање на зборовите и ветувањето на премиерот Заев со кое сакал да ги мотивира Албанците да гласаат за неговиот кандидат.
„ Се разбира дека очекувањата на граѓаните не се исполнети, бидејќи не беа допрени тие институции кои беа најскандалозни, почнувајќи од вицепремиерот за евроинтеграции, Министерството за образование, транспорт и други министерства, уште повеќе што еден министер кој беше најскандалозниот во текот на овој период на владеењето, односно г. Дураку. Тој сега беше награден со министерство кое е за политички систем и односи помеѓу етничките заедници“, вели Села.




