Села бара потег од Заев, Димитров и Османи на симболичен датум

Зиадин Села, претседател на Алијансата за Албанците, реагира по извештаите дека земјата повторно не добива датум за отворање на преговорите за членство во ЕУ.



Во објава на Твитер (https://twitter.com/ziadinsela/status/1335903162805456898?s=21),
Села нагласува дека „3 години Зоран Заев, Никола Димитров и Бујар Османи ги лажеа и ги мамеа граѓаните за отворање на разговорите со ЕУ. Денеска, седми пат по ред, тие повторно не успеаја да добијат датум за почеток на разговорите”, вели Села додава дека „Утре, нивната нова влада – стара, наполни 100 дена и оставката ќе биде морален чин“.