Села бара оставка на владата и предвремени избори

По бегството на експремиерот Никола Груевски, лидерот на Алијансата за Албанците, побара премиерот Заев да поднесе оставка и веднаш да се формира експерстка влада,.



„Денеска сите граѓани кои веруваа во правен систем се разочарани од оваа власт. Ние повеќе пати сме најавиле дека вмроизираното судство да помине во сдсмеизирано и тоа денес е реалност. Бараме Заев и Владата да поднесат оставка“ рече Зијадин Села кој побара формирање експеррска влада која ќе се фокусира на реформи во судството.

Тој побара одговорност од судиите за скандалите зашто „бегството на Груевски не е прв случај, сите кои треба да одговораат за криминалот се во бегство. На пример Грујоски, Бошкоски, Кочан…“ рече Села на денешната пресконференција“.

Лидрот на Алијансата на Албанците побара и предвремени парламентарни избори кои би се одржале заедно со претседателските.

.