Села бара Османи да сноси одговорност што не ги предупреди нашите граѓани за нападот на Украина

Лидерот на АА, Зијадин Села го повика министерот за надворешни работи Бујар Османи да сноси одговорност што ги загрози граѓаните со тоа што не ги предупреди за рускиот напад на Украина.



„Мислам дека Северна Македонија како земја членка на НАТО треба да има информации, ако имаа точни информации тогаш треба да имаме и одговорности. Што се однесува до нивната одговорност, не знам со кое право и дали имаат совест што ги убива овие луѓе да излезат и да кажат дека сме го знаеле точниот ден и час кога ќе се случи нападот, а од друга страна десетици семејства, деца и мајки, родители, граѓани и државјани на Северна Македонија да ги оставаш таму, наместо сега во време на војна да се обидувате да создадете коридори за излез од кризните огништа. Ако овој министер знаел сè, тогаш треба да одговара за секое семејство што е денес таму“, вели Зијадин Села.