Алијанса за Албанците во соопштение за јавноста ги обвини Владата и Министерството за внатрешни работи за „театарот“ со поранешниот премиер Никола Груевски, барајќи да понесат одговорност.
„Јавно ја прашуваме Владата на Република Македонија и МВР кои се актерите кои помогнаа во бегството на Груевски? На кој граничен премин избегал Груевски и која е политичката цена за да се реализира сценариото за ова бегство?
Владата на Република Македонија да преземе одговорност за овој скандал што сериозно ги поткопува реформите во судството и го става под знак прашање владеењето на правото, што со последните случувања ја поткопува еднаш засекогаш надежта на обичниот граѓанин на РМ дека еден ден ќе има правда во оваа држава“, се вели во соопштението од партијата на Зијадин Села.





