„Албанскиот треба да биде официјален јазик и да се нарекува како албански, а не како јазик на ‘20 проценти“ – кажа Зијадин Села, лидерот на опозициската Алијанса на Албанците во емисијата „Клан Дебата“ на ТВ Клан Македонија..
На својот интернет-портал ТВ Клан Македонија го цитира ова искажување на Села: „Албанскиот јазик не може да се означува со проценти, со плус или минус. Тој е рамноправен со македонскиот јазик. Законот за јазикот беше донесен, оти тоа беше нашиот услов кога ние бевме во Владата. А да не бевме со тој услов, ќе останевме со законот на Али Ахмети.“





