Села: „Ако на 22 јуни не се добие датум за ЕУ-преговори, тогаш Владата ќе изгуби легитимитет и ќе треба избори“

„Лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села се надева дека Бугарија ќе тргне ветото и оти нема да ја спречи с.Македонија да добие датум за почеток на преговорите со Европската унија. Но, ако тоа не се случи во текот на овој месец, лидерот на албанската опозиција Села вели дека тогаш Владата ќе го изгуби легитимитетот и државата ќе мора да оди на предвремени избори.“ – објави „Лајм“, пренесувајќи ја изјавата на Села дадена за овој весник на албански јазик.

„Лајм“ пишува: „Се надевам дека Бугарија ќе го тргне своето вето и оти регионот ќе зачекори час поскоро кон безбедноста и мирот, како и кон членството во Европската унија. Ако тоа не се случи, 22 јуни е денот кога се губи легитимитетот и легитимитетот на секој политички фактор во власта и во опозицијата, за да се повикува во име на граѓаните. Сите ние, без исклучок, сме дел на нашата платформа и на ветувањето за интегрирање на земјата во Европската Унија.’ – изјави Зијадин Села.“