За шпекулациите дека, СДСМ и ДУИ договориле ротирачка влада во која само една година од мандатот, премиер би бил Албанец, лидерот на Алијаса Зијадин Села вели дека тоа е пораз за интегративците на Али Ахмети, пренесе Телма.



Доколку ДУИ не го исполнат предизборното ветување, Албанец да биде четири години на чело на владата, ДУИ треба да си заминат во опозиција и да им отстапат место на нив, да се обидат да формираат влада, изјави Села.