Алијанса за Албанците и со писмена понуда ќе ги повика Беса и Алтернатива за формирање предизборна коалиција, соопшти синоќа Зијадин Села.
На маса се три опции: На 12 април на изборите да одат во трипартиска коалиција – Алијанса, Алтернатива и Беса, второ – предизборна коалиција само со една од партиите и конечно под 3 – Алијанса самостојно да настапи на изборите.
Алијанса ќе чека 48 часа на одговор на писмената понуда и потоа ќе се донесе одлука.




