Сексуалните работнички со поддршка за пратениците (Статус на денот)

Новинарот Горан Момироски со ироничен коментар на предлог законот со кој пратениците се обидоа да добијат предност при вработување по завршувањето на нивниот мандат во Собранието.



„Здружението на сексуални работнички го поздрави Законот за вработување на пратениците по истекот на мандатот.

Здружението обезбедило 120 работни места за нивно вработување согласно нивните квалификации.

Најголем број работни места се околу МАНУ, МТВ, МКЦ, судовите, факултетите и скопски саем“, пишува на Фејсбук новинарот Момироски кој е редовен колумнист на expres.mk