Секс скандал се случува во Министерството за надворешни работи каде, како што дознава expres.mk, по голем број пријави од жртва на сексуално и физичко насилство се преземаат мерки за случај во кој, според извори во министерството, македонска дипломатска претставничка на пониско ниво била напаѓана од највисок дипломатски претставник.
Амбасадор на Република Македонија од една важна земја во меѓународната заедница е повикан на консултации во Скопје со цел да се расчисти случајот кој содржи обвинувања за сексуални напади кои според жртвата завршиле со физички напад од страна на амбасадорот.
Скандалот засега се крие од јавноста затоа што не се расчистени сите детали за случајот но и затоа што амбасадорот обвинет како сексуален напаѓач е близок на еден од топ државните функционери кој од Османи бара случајот да го турне под тепих и да најде начин да ја смири жртвата.
Според извори во МНР случајот веќе не може да се скрие затоа што повеќе луѓе имаат пристап до досието и лобирањето да се скрие од јавноста ќе доживее дебакл.
Според внатрешните етички протоколи на МНР и Владата сексуално и физичко насилство и закани се причина за најстроги санкции.






