Најмалку еден од осум смртни случаи во Европа е резултат на лошите услови во животната средина, открива новиот извештај објавен од Европската агенција за животна средина (ЕЕА).
Загадувањето на воздухот и бучавата, како и феномените кои се резултат на климатските промени како што се топлотните бранови, влијаат врз здравјето на најранливите, се вели во извештајот, кој се базира на податоците на Светската здравствена организација.
„Постои јасна врска помеѓу условите во животната средина и здравјето на населението“, вели Стела Киријакидес, европски комесар за здравје и безбедност на храна.
Загадувањето на воздухот придонесува за 400.000 предвремени смртни случаи годишно, според ЕЕА. Овде се вклучени смртни случаи од рак на белите дробови, срцеви заболувања и мозочен удар.
Бучавата е на второ место и придонесува за 12.000 предвремени смртни случаи. Ова во голема мера се припишува на сообраќајот на патиштата , се наведува во извештајот. Еуроњуз





